[Галерија] Шарената револуција одбројува уште седум дена за ислолнување на ултимативните барања

Со герила-акција синоќа во Градскиот парк во Скопје, во текот на „Скопје стрит фестивал“, Шарената револуција потсети дека остануваат уште седум дена за исполнување на нивните барања. Крајниот рок од ултиматумот е 18 јуни.

„Последниве денови слушнавме еден куп ветувања од страна на Груевски, кој одново бил реформски расположен. Од неговите ветувања овие 10 години единствено видовме задолжена држава, егзодус на граѓани и институции заробени од партијата. Граѓаните знаат дека Груевски не може да спроведува реформи. И порачуваме на власта и надлежните институции дека остануваат уште 7 дена до 18 јуни, рокот за целосно стопирање на прогонот врз демонстрантите и за потврда на уставноста на СЈО“, велат од Шарената револуција.

Активистите синоќа во Градски парт продефилираа со големи седмици во рацете и извадија банер со Пецко и натпис „Ветувања“.

Галеријата од акцијата, направена од фотографот Ванџо Џамбаски, погледнете ја во продолжение:

 

VAF48731