[Галерија] Ромите маршираа за достоинство и против дискриминацијата

Неколку стотици Роми денеска, на Меѓународниот ден на Ромите, одржаа протестен марш кој заврши пред Владата на Република Македонија. Тие изразија незадоволство од дискриминацијата против нив во државата и повикаа на подостоинствен однос кон нив од државните институции.

Пред Владата, тие прочитаа барањата на ромската заедница до државата и ги изнесоа фактите, кои говорат за највисок степен на невработеност кај оваа етничка група. Освен проблемот со невработенотста кај Ромите, организаторите истакнаа и дека Ромите живеат како граѓани од втор ред во Македонија, дека се редовно дискриминирани и етикетирани, и дека се злоупотребувани како гласачко тело.

Погледнете ги фотографиите од Маршот на Ромите, дело на Ванчо Џамбаски.