[Галерија] Познатите дела на Климт како фотографии

Австриската фотографка Инге Прадер создаде преработки на селекција на иконични слики од нејзиниот сонародник Густав Климт, со модели.

Климт е претежно поврзуван со Арт Нуво стилот, храбра и детална естетика која потекнува од почетокот на 20-тиот век. Естетиката ги има инспирирано уметниците и архитектите, како Гауди од Барселона, да создадат богати дела кои го претставуваат оптимизмот на таа ера.

Живописните преработки на Прадер се основани на златната фаза на Климт, од 1899-1910 година. Ова е евидентно во златните тонови и еротските сцени – моделите се често голи, преплетени и опколени со златни орнаменти кои ја истакнуваат топлата декадентност на оригиналните слики.

Серијалот фотографии е направен за Life Ball, годишен настан во Виена кој собира средства за помош на заболени од ХИВ/СИДА.