[Галерија] Победниците од натпреварот за најдобра микро фотографија на Никон

Никон ги објави победниците на 43-иот по ред натпревар за микро фотографија. Во него учествуваа над 2000 учесници од 88 држави, вклучитечно доктори, научници и љубители на микро фотографијата.

Тоа е метод на фотографирање кој се врши преку микроскоп, или сличен уред за зголемување на сликата, со цел да ги прикаже деталите и работите кои се невидливи за човековото око.

Овогодинешната награда отиде во рацете на истражувачите на Институтот за рак во Холандија, кои ги фотографирале клетките на човечката кожа, изразувајќи флуоресцентно обележан кератин. Во продолжение, погледнете дел од победниците: