[Галерија] Најдобрите фотографии од архитектурата за 2017

Вкупно 12 финалисти се избрани од жири-комисијата на овогодишниот натпревар за фотографија за архитектура „Art of Building 2017“.

Фотографиите на финалистите се објавени на интернет-страницата и се отворени за гласање. Гласањето завршува на 8 јануари, а победничката фотографија треба да биде објавена на 30 јануари.

Од абстрактни детали, до напуштени згради ова се 12 избрани фотографии.

Фотографија на Мехмед Јаша, со наслов „окото на кулата“, направена во кула во Верона, Италија.

Фотографијава на Ханѓинг Ѓи е направена во Националната џамија во Малезија. „Кога сончевите зраци, светлината и сенката се среќаваат помеѓу себе во сцена од сон. Ме потсетува на филмот Инсепшн“, објаснува Ѓи.

Ханс Вичман документира млад велосипедист од Културниот центар во Авил, северна Шпанија. „Успешна интеграција на модерни згради и стари индустриски места од архитектот Оскар Нијмајер, место за голема и мала група“.

Френсис Меслет избрал да го подигне погледот на оваа фотографија направена во француски меморијален центар кој ја одбележува стогодишнината од Првата светска војна.

„Овој историски театар е изграден во типичен овален облик, со сцената на едниот крај и повеќе подови и балкони наоколу“, вели фотографката Линда ван Слоб, за овој театар во Бар ле Дук, Франција.

Фотографијата на Роберт Касвеј е дел од поголема серија наречена „Западот кој исчезнува“ за Ферсно, Монтана во Соединетите Американски Држави. „Оваа фотографија покажува што му прави времето и временските услови на објект кој е оставен да пропаѓа, откако семејствата кои живееле во Фресно се исселиле“, вели тој.

Катедралата Сент Ендрју е нео-готски објект изграден во Сингапур во средината на 19-тиот век. Ендреан Хадианто Кве објаснува дека стои „магично во нејзината околина, каде се уште ја има задржано оригиналноста“.

Гробницата на 21-виот век е насловот на фотографијата на Петр Ставров, направена во Риазан, Русија. Сликата ја прикажува запрената изградба на трговски центар.

Фотографијата на Гуо Џи Хуа на патиштата во кинескиот град Гуангдонг е насловена „Валцер на надвозници“ и била направена со помош на дрон. „Раскрсницата на оваа фотографија има абстрактни црти на убавина“, додава тој.

Фотографот Дмитро Левчук, исто така избрал да го сврти фотоапаратот нагоре, во овој приказ на смели бои и форми во Дубаи.

Хосеин Јунеси ја доловил експерименталната форма на архитектура на оваа модерна станбена зграда во Иран.

„Цврсти текстури од цевки се протегаат над мојата глава на железничката станица во Њујорк, кои создаваат страшен шаблон сличен на транс“, вели Гаутам Камат Бамболкар. „Тие се протегаат од работ на влезот до бесконечен крај. Изгледаше како застрашувачка пештера создадена од човек“.