[Галерија] Најдобрите фотографи на кучиња за 2017

Клубот Кенел ги прогласи победниците на нивната годишна награда за Фотографи на кучиња. Ова е 12-та година како се организира ова натпреварување, во кое на последниот конкурс пристигнале 10 илјади пријави од 74 различни држави. Помеѓу нив и од Канада, Русија, Бразил и Нов Зеланд.

Сликата на Изма, мешан златен ретривер, направена од Мариа Дависон од Португалија, е фотографијата која ја однесе првата награда на натпреварот како и првото место во категоријата „Најдобар пријател на човекот“.

ФОТО: Мариа Дависон

Прво место во катогиријата „Млад фотограф на кучиња“ заврши кај 8-годишниот Дилан Џенкинс од британскиот град Свонси, кој има аутизам. Наградата ја доби за оваа фотографија на семејното куче Моси.

ФОТО: Дилан Џенкинс

Првото место во категоријата „Згрижени кучиња“ ја однесе фотографијата на Александра Робинс, на која Клои ја мириса раката на нејзиниот негувател во „Стационарот за мачки и кучиња Бет“.

ФОТО: Александра Робинс

Во оваа категорија второто место го освои фотографијата на Мартин Тош на кучето Флај кој трча со топче по брегот на Норфолк. Флај не бил прифатен од претходното семејство и бил предаден на фарма за да чува стока, но сега живее со ново семејство во Областа Пик.

ФОТО: Мартин Тош

 

Меган, спасено куче од расата грејхаунд, за време на неделната посета на домот за стари лица Саут Бич во Салткоутс, Шкотска. Таа е фотографирана со 95 годишниот Данкан Кјури, кој бил пилот во британската Кралска авијација. Фотографијата на Аласдер МакЛеод победи во категоријата „Кучиња асистенти“.

ФОТО: Аласдер МакЛеод

 

Во истата категорија, втората награда ја освои фотографијата на Џон Ферет на која се наоѓа Рено, вкрстен вид на лабрадор-доберман, чиј сопственик е слеп и има ампутирани долни екстремитети.

ФОТО: Џон Ферет

Во категоријата „Кучиња во игра“, првото место е за Кејли Грер, која на јужниот брег во Бостон, Масачусетс го уловила териерот Пити кој игра во водата.

ФОТО: Кејли Грер

Второто место, во истата категорија, е за Родриго Капуски, кој го фотографирал моментот кога кучето Лејка мириса цвет на поле со камилица во бразилскиот град Куритиба.

ФОТО: Родриго Капуски

Целосната листа на победници и нивните фотографии може да се најдат ОВДЕ.

Фотографиите се преземени од галеријата на Гардијан

 

//