[Галерија]: Граѓанскиот марш се движи кон Собранието

Неколку илјади луѓе го почнаа граѓанскиот марш под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“, по повод 11-ти октомври.

Насобраните граѓани од пред Специјалното јавно обвинителство тргнаа на маршот кој е најавено дека ќе заврши пред Собранието со обраќања до присутните.

Иницијатор на маршот е опозицискиот СДСМ, со поддршка на повеќе граѓански здруженија, активисти и културни работници.

„Ние граѓаните склучивме сојуз. Си го враќаме животот. Ја враќаме слободата. Ќе маршираме за правда и правичност, за еднаквост, ќе маршираме за граѓанскиот глас. Денес, по 75 години од основањето на партизанските одреди, нашето оружје е нашиот глас. Тоа е гласот што вели ДА за живот во Македонија и гласот што вели НЕ за режимот“, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев, најавувајќи го маршот.

Граѓанскиот марш е следен со музика, зурли и тапани, а можат да се забележат и голем број транспаренти.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од почетокот на маршот.

gragjanski-mars-8

gragjanski-mars-7

gragjanski-mars-6

gragjanski-mars-5

gragjanski-mars-4

gragjanski-mars-3

gragjanski-mars-2

gragjanski-mars-9