[Галерија] Фотографии направени со фотоапарат од еден долар

Кога фотографката Скајлер Адамс сфатила дека е поопседната со купување на нова, скапа опрема, отколку со правење на фотографии, решила да спроведе експеримент.

Си купила Canon Sure Shot фотоапарат за еден долар, и една лента филм Fujifilm Superia 400 со поминат рок.

„Сакав да се предизвикам во однос на мојата зависност од нова опрема, па решив да фотографирам со фотоапарат од еден долар во текот на еден месец“, вели таа.

„Бев пријатно изненадена од квалитетот на леќата со 38 милиметри. Најголем дел од битката беше да се најде добра светлина“, додава Адамс.