[Галерија] Бездомници облечени во униформите на професиите од нивните соништа

Фотографот Хориа Манолаче е од Сан Франциско, градот кој е втор по големина со бездомно население во САД. Тој верува дека бездомните заедници најчесто се погрешно разбрани и неправедно стереотипизирани, па затоа го започна проектот насловен „Принцот и сиромавиот“, за да ги прикаже во поинакво светло.

Во серија од портрети, секој бездомник е прикажан во неговата секојдневна облека, како и во униформата на кариерата за која од секогаш сонувал.

Фотографиите се направени во студио кое Манолаче го направил во хотелска соба. Преку портретите тој сака да ги долови нивните вистински емоции и изрази на лицето.

Дел од униформите ги позајмил, додека другите ги купил преку eBay и Amazon, а неговата сопруга му помогнала со шминка и фризура.

Но, фотографот се потрудил да им помогне на бездомниците донирајќи храна, облека, па дури и обезбедувајќи за дел од нив безбедно место за спиење.

„Долго време сум фотограф и низ сите овие години се прашував како можам да помогнам некому со фотографијата. После некое време, сфатив дека фотографијата, како и пишувањето, можат да променат менталитет и да решат проблеми“, објаснува Манолаче.

Покрај серијата фотографии, тој покрена и онлајн кампања преку сервисот Indiegoog со која би го финансирал издавањето на книгата со неговите фотографии, со која очекува да го покрене прашањето за бездомништвото.

Во продолжение, дел од неговите фотографии направени за проектот „Принцот и сиромавиот“: