[Фото] Пат околу светот со мапата на данскиот уметник Сорен Полсен

Колкумина од вас посакале да ја пропатуваат Земјата? Со оглед на тоа дека планетата е со периметар над 3800 километри, би биле потребни околу 11 години за да се заобиколи (тоа е под претпоставка дека би се движеле и по вода). Но, тоа значително го олеснува уникатниот парк во Данска наречен Verdenskortet  („светска мапа), каде посетителите може да ги прошетаат континентите.

Мапата е 90 со 45 метри големина и 25 центиметри висока, и одговара на обем од околу 111 километри. Секоја држава од мапа е претставена со знаменце, а американските држави се претставени со жолти тули.

Црвените столбови го означуваат екваторот, и можеш да се игра мини голф низ тревата. Мапата се наоѓа во центарот на паркот каде што посетителите може да имаат пикник и да уживаат во чаша кафе и колачи по нивната прошетка.

Мапата е дело на Сорен Полсен, кој ја создал користејќи најосновни алатки. Островите се поставени над езерце, со земја и камен.

Неговата идеја за мапата дошла откако забележал камен на неговиот имот кој личен на Полуостров Јутланд. Пулсен го започнал овој проект во 1944 година и работел на неа 25 години, се до неговата смрт во 1969 година. Речиси 35 000 луѓе ја посетуваат атракцијата годишно.