[Фото] Граѓаните се движат кон Собрание, боја за Министерството за правда

Неколку илјади демонстранти, членови на движењето „Протестирам“ и денеска се на улиците на Скопје, а во моментов се движат кон Собранието. Демонстрантите застанаа пред Министерството за правда, каде фрлаа со боја кон фасадата на зградата. Граѓаните извикуваат „Нема правда, нема мир“ и со повици „Дојдете со нас“ се обидуваат да ја привлечат полицијата на своја страна.

Центарот на Скопје и денеска е под силно полициско обезбедување, а полицијаци и специјалци во полна опрема се насекаде по рутата на протестот. Претходно, граѓаните кои протестираат се собраа пред Специјалното јавно обвинителство, во знак на поддршка за работата на оваа институција.

os-1-1

os-4-4-

os-5-5

os-2-2

os-1