Фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ на 27-ми и 28 октомври

Организацискиот одбор на 25-тиот Фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ соопшти дека во завршна фаза се подгототовките на фестивалот кој годинава ќе се реализира под мотото „Од сон до јаве“.

ФАДФ „Камера 300“ годинава ќе се одржи на 27-ми и 28 октомври кога официјално ќе се вреднува трудот на филмските аматери, истакна Стевче Хаџиантоновски, претседател на ФАДФ „Камера 300“-Битола.

„Оваа година пристигнаа и се во конкуренција 42 филма од 12 држави. И оваа година филмовите ќе ги оценува интернационално жири во состав Стефан Сидовски, претседател, Станимир Трифонов од Бугарија,  Владимир Анѓелковиќ од Србија, Јосип Грозданиќ од Хрватска и Мишо Нетков од Македонија. Жирирањето веќе е во тек“, потврди Хаџиантоновски.

Според востановената традиција, на ФАДФ „Камера 300“ ќе се доделат гран-при плакета „Милтон Манаки“, златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, плакета за најдобра камера, идеја и монтажа, плакета за најдобра режија „Драги Савевски“, награда за најдобра репортажа и награда на Уника.