Ербас создава беспилотно летачко такси

Компанијата Ербас планира наредната година да тестира електрично летачко возило кое се управува без пилот, а доколку е успешно ќе воведе и летечка такси служба.

Производителот на авиони најави дека успешно го тестирал системот за пропелирање за електричното возило за повеќе патници. Тестот е прв чекор во долгиот процес, додека првиот прототип да полета. Тимот на Ербас сега ќе почне со работа на демонстратор на лет за концептот Сити Ербас, но во поголем размер.

Прототипот прво ќе биде тестиран на земја, а инженерите на Ербас очекуваат да биде готов во првата половина од наредната година.Сити Ербас ќе има дизајн со четири мотори, напојувани од четири батерии. Проценетата брзина е до 120 километри на час. Леталата нема да можат автономно да полетаат – на почетокот ќе ги управуваат лиценцирани пилоти, за јавноста да се чувствува поудобно во летечкото такси пред да стане сосема автономно.Компанијата се надева дека ќе почне со патнички услуги во градовите до 2023 година, со владини дозволи и нов систем на урбан воздушен сообраќај кој ќе треба да ги популаризира летовите.