„Ѕуница“ – фестивалот што ја промовира ЛГБТ културата преку филмот

Вечерва започнува фестивалот „Ѕуница“ кој има за цел да придонесе кон развојот на културната сцена на ЛГБТ заедницата. Отворањето е закажано за 19:30 часот во кино Милениум, со проекцијата на „Strike a Pose“, по што ќе следи забава со Чалгија саунд систем.

Фестивалот ќе трае до 23 април и ќе понуди повеќе филмови со ЛГБТИ тематика, како и театарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“ на Билјана Радиноска.

Влезот на сите настани е бесплатен, а фестивалската програма може да ја преземете тука.

Според организаторите, овој настан треба да ја собере македонската ЛГБТ популација на едно место со цел запознавање и социјализација, промоција и доближување на светската ЛГБТ култура.

//