Другата страна на „Парадата на гордоста“ во Србија

„Парадата на гордоста“ во Србија веќе четврта година по ред се одржува без поголеми инциденти, а светските медиуми пишуваат за „балканската геј премиерка“ Ана Брнабиќ која се најде на нејзино чело. Сепак, тука има и едно „но“.

Сликите кои неделава го обиколија светот, како и фактот што Белград оваа година имаше две „Паради на гордоста“ би можело да најави дека борбата за правата на ЛГБТ заедницата конечно дава резултати. Меѓутоа, во внатрешноста на самата заедница се слушаат гласни критики, а истакнатиот активист Предраг Аздејковиќ смета дека вчерашната парада е само „шминка“ и „фијаско“.

Како што наведува тој во текстот за порталот „Noizz“, на настанот иако беа најавени 3 000 посетители, учествувале околу 500 граѓани, „со активисти од целиот свет, дипломати, обезбедување, новинари, полицајци и обични граѓани, политичари, Јелена Карлеуша…“

„Парадата на гордоста во Амстердам пати што кај нив не доаѓа премиерот како кај нас, но тие имаат ЛГТБ личности. Не може и двете“, наведе Аздајковиќ на Твитер.

Тој оцени дека ваквата парада и користи само на српската влада, која му се претставуви на светот како толерантна, прогресивна и проевропска, за на Твитер да објави дека премиерката Брнабиќ била присутна, но дека „воопшто не се обратила“ на собирот на припадниците на ЛГБТ заедницата и дека ништо не им ветила.

Геј активист, кој се сликаше со премиерката на парадата, носеше транспарент на кој пишуваше „Уставот и забранува на премиерката да се венча“,  а исткна дека големиот проблем со ЛГБТ заедницата е тоа што „најдобриот политички говор го имала Јелена Карлеуша“ и тоа што не се изнесени никакви барања на заедницата.

Аздејковиќ ги повтори и претходните критики за оваа манифестација дека не е инклузивна, односно дека не се организира за доброто на ЛГБТ заедницата, туку за гостите од светот на политиката, дипломатскиот кор и останатите. Исто така, во изминатите години се слушнаа и обвинувања дека постои личен интерес за организирање на „Парадата“.

Поради таквиот став, организацијата Егал,  Loud&Queer и Геј лезбејки инфо центар, во јуни организираа „своја“ парада и тоа во форма на протест, на кој ги изнесоа барањата со фокус на „зголемениот степен на насилство на кој е изложена ЛГБТ заедницата“.

Инаку, Аздејковиќ на својот блог, една недела пред да се одржи „септемвриската парада“ напиша текст со наслов „Белградски прајд: Модна ревија без мода“ во кој се осврти на ставовите на британскиот предавач и аналитичар Кујен Слотмакерс и додаде дека делумно се согласува со ставот дека белградската парада стана „аполитичен ритуален настан без ЛГБТ политика“.

Како што вели тој, барања постојат, но дека не се работи на нивно остварување и дека без обединета ЛГБТ заедница, нема ни да дојде до нивно остварување.

„Не постои волја да се направи заеднички ЛГБТ фронт кон државата, за да се остварат барањата. Имаше повеќепати обиди и секој пат се случуваше дебакл. Додека ЛГБТ заедницата не се обедини за некаков минимум и не покаже сила кон државата, ништо нема да се промени. Затоа, апелирам до ЛГБТ активистите, но и на ЛГБТ популацијата да вршат притисок на активистите да се здружат во остварување на правата на ЛГТБ заедницата. ЛГБТ организациите го прават ова што го прават бидејќи никој не ги контролира, а тоа е работа на ЛГБТ популацијата, бидејќи популацијата има единствено право и обврска да надгледува, да бара, да критикува и да врши притисок на ЛГБТ организациите кои се залагаат за подобрување на положбата на таа популација“, наведува Аздејковиќ во текстот.

Во маршот од Цветниот плоштад до Плоштадот на републиката, освен организаторите, активистите и припадниците на ЛГБТ заедницата, премиерката и неколку министри, во неделата присуствуваше и градоначалникот Синиша Мали, комесарката Бранкица Јанковиќ, претседателот на Либерал-демократската партија Чедомир Јовановиќ, германскиот амбасадор Аксел Дитман, британскиот амбасадор Денис Киф, шефот на канцеларијата на УНИЕФ во Србија Мишел Сен-Ло, еден од основачите на Движењето на слободни граѓани Аида Ќоровиќ, драматургот Билјана Србјановиќ, претставникот на Јукома, Милан Антонијевиќ.

Членот на организацискиот одбор на Белградската парада, Горан Милетиќ зборувајќи пред граѓаните, укажа на три посебни елементи – законите кои ги штитат припадниците на ЛГТБ заедницата, поддршката на премиерката и поголема подготвеност на младите да се „откриваат“.

Првата „Парада“ во Белград во 2001 година, ќе остане запаметена по насилството, а 16 години подоцна, ситуацијата, иако прилично бавна, сепа оди на подобро, за што е јасен сигнал и доаѓањето на голем број министри досега, наведе тој во изјава за Танјуг.

Премиерката изјави дека е добар знак и тоа што оваа година на улиците имаше помалку полиција.

На првата парада, учесниците беа претепани од група хулигани и членови на десничарски организации, а од тогаш до денес од безбедносни причини, надлежните ја откажуваа три пати – 2011, 2012 и 2013 година.

Парадата на гордоста, планирана во 2004 година, беше откажана по мартовските немири кога беа палени џамии во Ниш и Белград.

Наредната беше закажана во 2009 година, но исто така откажана, бидејќи организаторите не сакаа манифестацијата да се одржи на друга, побезбедна локација.

Парадата во 2010 година помина со насилство на улиците, но успешно, иако со зголемено полициско присуство низ целиот град.

Извор: B92