Домаќинства во Бангладеш делат струја на иновативен и евтин начин

Десетина домаќинства во Шакимали Матборканди, село во областа Шариатпур во Бангладеш, во последната година ги напојуваат своите електрични апарати и се осветлуваат на иновативен и евтин начин.

Со децении, овие семејства немале друг избор освен керозин, најпопуларното гориво за десетици милиони домови во земјите во развој. Но, во септември 2015 година, бангладешка компанија наречена ME SOLshare, им го претставила користењето на заедничка струја.

Навиките за делење на превоз и сместување, популаризирани од Uber и Airbnb, го инспирирале овој проект кој им овозможува на жителите на Шакиамали Матборканди да тргуваат со струја меѓусебно, без било каков контакт со локалните власти.

Повеќе од четири милиони домови во Бангладеш се веќе опремени со соларни панели. Но, почнувајќи со пилот-проектот ME SOLshare цели да направи еден чекор подалеку. Со помошта на црна кутија наречена SOLbox и мобилен телефон поврзан за најголемата мрежа за мобилно банкарство во државата наречена bKash, секое семејство може да купува струја од своите соседи кога имаат потреба од тоа, и да ја продава кога има вишок.

Ако било кој на мрежата има потреба од струја, додава кредит на својот „мобилен паричник“, го става својот SOLbox уред на „купувај“ опција, и го разменува кредитот за струја. Преостанатиот кредит може да се корист и за да купува производи од било која локална продавница.

Ваквиот систем на тргување струја на „наномрежа“ веќе постои во некои индустријални држави, како Холандија, Нов Зеланд, Германија и САД. Но, неговото воведување во Бангладеш може да им помогне на сиромашните и одделени заедници кои досега немаат користено друг извор на енергија освен керозин и батерии.

Освен тоа, во државите склони на вооружен конфликт и природни катастрофи, како Бангладеш, каде бурите влијаеле на 3,2 милиони луѓе и имаат оштетено повеќе од 250 илјади домаќинства во изминатото лето, ваквото напојување со струја може да обезбедува енергија дури и кога се оштетени главните извори на доток.

Друг придонес на технологијата е ниската цена и намалената еколошка штета.

ME SOLshare победиле на натпреварот Моментум за промена на Конвенцијата за климатски промени на ОН годинава. Според Навал Ал Хосани, експерт за енергетски иновации и член на советодавниот панел на Конвенцијата, технологијата „може да обезбеди сигурен, исплатлив и здрав пристап до реалноста, за многу милиони луѓе низ светот, кои моментално живеат без струја“.