ДИЦ: Поднесени се 1824 преговори за јунската сесија на екстерното тестирање, 60 отсто се неосновани

Државниот испитен центар информира дека јунската сесија од екстерното тестирање заврши на 28 јуни 2016 година со завршување на процесот на приговори на резултатите од тестирањето.

Во јунската сесија биле поднесени 1824 приговори, односно приговарано е на само 0,5 отсто од тестовите. Прифатени се 18,4 отсто, делумно прифатени се 21,2 отсто од приговорите, а 60,4 отсто се неосновани, информираат од ДИЦ.

Тие велат дека најмногу приговори се поднесени за предметите: математика, македонски, информатика, биологија и природни науки, a најчесто приговарале ученици на кои им недостасува 1 или 2 бода за одлична оценка (1000 ученици).

„Прашањата за кои е констатирано дека се проблематични од технички или содржински карактер, а поради кои беа и усвоени дел од приговорите, ќе бидат избришани од базата на прашања. Оваа процедура ја практикуваме од минатата година и тоа е една од причините поради кои имаме се помалку основани приговори.

Оправдано отсутните ученици како и оние кои поради технички проблеми во училиштата не биле во можност да го завршат успешно тестирањето ќе бидат тестирани во августовската сесија која ќе се реализира на 19 и 22 август“, се вели во соопштението на ДИЦ.