Денови на иранската кинематографија во Кинотека на Македонија

Со прикажување на документарниот филм „76 минути и 15 секунди со Абас Кијаростами“, постхумно посветен на еден од најголемите ирански режисери Сејфула Самадијан, во петок во Кинотеката на Македонија ќе започнат Деновите на иранската кинематографија.

Во рамки на манифестацијата која е подготвена Кинотеката на Македонија во соработка со ирански културни институции и со логистичка поддршка на Иранската амбасада, публиката ќе има можност да види дела од поновата продукција – пет долгометражни филмови и еден краток филм кој е последен филм на Кијаростами.

По секоја проекција предвидена е дискусија со гости од Иран, а на првата и втората вечер ќе присуствуваат режисерот Шарам Мокри чиј филм „Риба и мачка“ е добитник на Сребрен лав на Венецијанскиот филмски фестивал во 2013 година, како и неговата сопруга и сценаристка и режисерка Насим Самани.

Во рамки на Деновите на иранската кинематографија покрај документарецот за Кијаростами ќе бидат прикажани и филмовите „Риба и мачка“ на Мокри, „Мелбурн“ од Нима Џавиди, „Полудениот топ“ на режисерот Аболхасан Даводи, кусометражниот „Однеси ме дома“ на Кијаросмаи и „Денеска“ од Реза Миркарими со кој ќе се заокружи манифестацијата.