Чести заблуди за возењето велосипед и како да ги побиеме

„Не сме Холандија или Данска“, „Не возам сега, загадено е“, „Времето не е добро“… Ова се некои од најчестите правдања што си ги кажуваме за да не возиме точак, па повторно се качуваме во автобус, ја палиме колата, или повикуваме такси.

Сепак, станува збор за заблуди кои многу лесно може да се побијат, како што тоа и го направија група волонтери од Велика Британија. Тие направија веб сајт на кој се наведени најчести причини што граѓаните ги користат за да не возат точак.

Во продолжение, издвојуваме неколку:

„Холандија е рамна – затоа толку возат велосипед“

-Ефектот на топографијата врз стапката на возење велосипед често е претеран. Иако разумно е да очекуваме помалку луѓе да се движат во ридско подрачје, во повеќето места топографијата не е толку голем фактор колку што многумина би верувале. На пример, дури и градови во Швајцарија – која не е позната по рамни рамнини – имаат многу повисоки стапки на велосипедизам од градовите во многу порамни делови од светот.

Иако Холандија е релативно рамна земја, ова не е причина зошто нивоата на велосипедизмот се толку високи. Ако е така, другите рамни делови на светот би имале слично високо ниво на велосипедизам. Холандија има ридести градови, како што е Нијмеген, каде што нивоата на велосипедизмот се исто толку високи колку во другите делови од земјата. Вистинската причина зошто луѓето возат велосипед во голем број во Холандија е поради висококвалитетната велосипедска инфраструктура што ги прави тие патувања удобни и пријатни.

Исто така, велосипедите со електрична помош се сè попопуларни, особено кај постарите луѓе, така што можат да помогнат да се вози по ридовите.

Значи, ридовите не се пречка за возење велосипед многу повеќе отколку што се за одење, и секако, не се причина за неуспех да се дизајнираат безбедни и атрактивни улици за возење велосипед.

„Возењето велосипед е за младите и фит луѓе – јас сум престар/а за тоа“

-Во земји каде има широка понуда за возење велосипед одделно од другите методи на транспорт, луѓето од сите возрасни групи и способности возат, и го прават тоа со темпо со кое се задоволни. На пример, речиси четвртина од сите патувања во Холандија, се извозени од граѓани над 65 години.

Со отргнување на интеракциите со тешките возила, речиси секое патување со велосипед е возможно – било со стандарден велосипед или нешто специфично за оние со помош при движење. Дополнително, зголемената употреба на електричните „помошни“ велосипеди значи дека физичката сила е се помалку пречка.

Така што, вистината е спротивна од митот – возењето велосипед им овозможува на помалку способните луѓе повеќе транспортни можности и независност.

„Премногу е влажно/суво/ветровито/жешко/ ладно, за да возам точак“

-Ако е премногу ладно, или влажно, или жешко за возење, тогаш вообичаено е премногу студено, или влажно да се излезе на крај. Кога улиците се дизајнирани добро, повеќе не сте на милост и немилост на времето кога возете велосипед, отколку што сте при пешачење.

Холандија и Данска се соочуваат со многу ладни зими, но доброто управување со условите, вклучително и расчистувањето на снегот од поголемите патеки за велосипедисти, осигурува дека велосипедизмот останува практичен  начин на транспорт за повеќето луѓе. Тие се уште одат таму кога е дождливо, или ладно или жешко – и тие се уште возат велосипед.

Иако може да има некои места со такви екстремни услови каде возењето е навистина тешко, за повеќето места тоа не е вистина, и не го оправдува неуспехот да се обезбеди сигурна и привлечна средина за возење велосипед.

„Додека возеш точак, повеќе дишеш загаден воздух“

-Ова тврдење има смисла само на површно ниво – возење велосипед, дури и колку за транспорт, го зголемува срцевиот ритам и вашето дишење, па затоа велосипедизмот ги тера луѓето да вдишат повеќе воздушно загадување.

Но, многу студии покажале дека квалитетот на воздухот е полош внатре во моторните возила. Штетниот и загаден воздух се создава во моторните возила, што значи дека луѓето седеле во нив и дишеле повеќе загаден воздух отколку луѓето надвор од нив.