Цел клас во Сараево научи знаковен јазик поради глувонемо другарче

Другарчињата од едно одделение во Босна направија неверојатна работа за шестгодишниот Зејда Чоралиќ од Сараево кој е глувонем, пишува Metro.co.uk.

Минатата година мајката на Зејда одлучила да го прати во регуларно училиште, но не ја радувал фактот што никој во училиштето не го познавал знаковниот јазик, пренесе fokus.ba.

Цел клас во Сараево научи знаковен јазик поради глувонемо другарче

Неговата учителка Санела Љумановиќ, се трудела со сите сили да допре до Зејда користејќи некои трикови и начини на комуникација, но набргу сфатила дека не и оди баш од рака.

Затоа одлучила целото одделение да го научи знаковниот јазик за сите заедно да можат заедно да комуницираат. По три месеци, првото одделение на основното училиште „Осман Накаш“ ги научи основите на знаковниот јазик. Самодовербата на малиот Зејда веднаш пораснала, пишува сајтот.

Цел клас во Сараево научи знаковен јазик поради глувонемо другарче

„Зејда се радува на секое одење во училиште и е среќен и мотивиран“, вели неговата мајка Мирзана Чоралиќ. Неговите другари од одделението се толку возбудени што го научиле знаковниот јазик што почнале да ги учат и своите родители.

Цел клас во Сараево научи знаковен јазик поради глувонемо другарче

„Среќен сум што го учам јазикот на Зејда бидејќи на тој начин може да се комуницира со него но и со останатите глувонеми деца. Забавно е“, изјавил Тарик Шијариќ, еден од најдобрите другари на Зејда од училиштето.

Учителката на Зејда се надева дека знаковниот јазик ќе се воведе во наставниот план и програмата, бидејќи им помага на малите деца и на тој начин тие стануваат свесни што значи тој инвалидитет.

„Сите сме среќни што го научивме новиот јазик. Моментално целта ни е да го научиме Зејда да чита од уста. Тој е добро и паметно дете“, истакнува неговата учителка.

Извор: fokus.ba