Блокада во Валандово – активистите со радикални мерки додека не се закаже референдум

Активистите на Спас за Валандово денес ја блокираа клучката Валандово-Пирава-Марвинци, откако Советот на Општината Валандово одби да свика итна седница за донесување на Одлука за референдум.

На блокадата на клучката Валандово-Пирава-Марвинци, која е доста прометна бидејќи води кон Гевгелија, но и низ неа поминува автопатот Е-75, денес валандовчани паркираа механизација и големи возила од 11 часот. Велат дека слични блокади на околните патишта ќе продолжат сè додека не биде свикана седница и не биде донесена одлука за референдумот.

Активистите, но и повеќе од 2.000 граѓани на Валандово и околните села, во изминатиот месец собираа потписи за закажување на локален референдум на кој ќе се одлучува за отворањето на рудникот Казандол.

Спас за Валандово веднаш откако списоците беа финализирани, побара општинските власти да закажат седница на која ќе се донесе одлука за референдумско изјаснување на 9 јули.

Сепак,  Претседателката на Советот на Општина Валандово Јасминка Сечкова не свика седница.

„Со оваа нејзина постапка само потврдува дека работи ПРОТИВ интересите на граѓаните, а со тоа го зголемува револтот и недовербата на граѓаните кон локалните власти“, изјавија од здружението.DSCN7353

DSCN7349

DSCN7343

DSCN7339

DSCN7337

DSCN7336

DSCN7332

DSCN7330