Благ раст на бројот на студенти во последните академски години

Во последната академската 2015/2016 година се запишани вкупно 59.865 студенти што претставува пораст за 0,9 проценти во однос на претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Растот на бројката на новозапишани студенти трае неколку години по ред.

*Запишани студенти на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи (прв циклус на студии)

Бројот на запишани студенти – жени изнесува 32.837 или 54,9 проценти. Најголем број студенти, 86,8 проценти биле запишани на државните високообразовни установи, а 12,8 проценти на приватните високообразовни установи.

Во прва година на студии, во академската 2015/2016 година, се запишани 17.952 студенти или 30 проценти од вкупниот број. Во таа бројка спаѓаат и студентите кои втор, трет и повеќе пати запишуваат прва година.