Бесплатни курсеви за „меки“ вештини

Студентската организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје од изминатиот семестар отпочнa со реализирање на серија на бесплатни курсеви кои се достапни за ограничен број на студенти на УКИМ, соопштија од Американското катче.

Идејата зад овој проект е на студентите да им се понуди моќно комплементарно образование надвор од факултетската програма, сé со цел да ги прошират своите видици и да постигнат лично надградување и развој. Темите кои ќе бидат обработени со првата ЕЕСТЕК Акедемија на учесниците на модулите ќе им овозможат стекнување на знаења на теми кои не се опфатени со образовниот систем. Академијата вклучува вкупно 5 модули. Првите два модули беа на темитe Behavioral Economics и Mobile application development, додека пак во наредните модули ќе се обработуваат темите: Soft Skills, Gaming и Telecommunications. Секој од овие модули претставува независна единка и пријавувањето и селекцијата за учество на секој од нив е засебно.

Студентите кои сакаат да си ги прошират знаењата надвор од самите студии може да се пријават за учество на третиот модул за „меки“ вештини.

Што се soft skills или “меки вештини”? Како тие можат да ни помогнат во нашиот секојдневен живот? Како влијае говорот на телото, како поефикасно да го менаџираме нашето време и како да бидеме добри лидери?
Ова се дел од прашањата за кои ќе се разговара на третиот модул од ЕЕСТЕК Академија, серијата бесплатни курсеви за студенти, која од 3 до 14 март ќе опфати низа од предавања токму од оваа област.

Предавањата ќе бидат во просториите на Американското катче во Скопје, а дел од нив ќе бидат одржани од страна на искусни презентери од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија. Body language, Time-management, Communication skills се само дел од темите за кои ќе се говори, низ тренинзи на искусни тренери.

Формуларот за пријавување е достапен на следниот линк: http://bit.ly/ApplyModule3 Аплицирањето трае до 28 февруари (сабота), 14:00 часот.