Бернејс пропаганда и Таксират на престижниот фестивал Еуросоник во Холандија

На најпрестижниот европски „шоукејс“ фестивал и конференција, Еуросоник Нордерслаг, ќе настапи и македонскиот бенд Бернејс Пропаганда.

Фестивалот ќе се одржи од 11-ти до 14-ти јануари во Гронинген, Холандија.

Докажаниот македонскиот пост панк бенд БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА ќе се претстави пред европската публика со два настапи на 12-ти и 13-ти јануари. Пред повеќе од 4100 делегати и музички професионалци, 425 медиуми и 42.000 посетители на овој настан се претставуваат повеќе од 340 уметници и изведувачи, а на конференцијата се одржуваат повеќе од 175 панел дискусии, предавања, интервјуа и состаноци.

Бернејс пропаганда годинава воедно прославува 10 години од својот прв настап, а покрај настапите во Холандија овој јубилеј групата го одбележува и со објавување на live албум и концерти во Скопје кои ќе се одржат на 17-ти и 18-ти февруари во МКЦ. Концертниот албум „Едно 500-600 пати“ е снимен на различни настапи, од 2010 до 2016 година, меѓу кои е и Таксират фестивал. Албумот е објавен под етикетата „Балкан Велики“, а можете да го преслушате на овој линк.

Покрај изборот на Бернајс Пропаганда како претставник на Еуросоник Нордерслаг и македонскиот најголем музички фестивал ТАКСИРАТ ќе биде дел од најзначајната конференција и шоукејс фестивал за европска музика како еден од 10-те најдобри фестивали во Европа во категоријата „Best Indoor Festival“.