Асоцијацијата на архитекти повика на бојкот на конкурсот за барокизација на „Ибни Пајко“

Асоцијацијата на архитекти на Македонија ги повикa членовите да го бојкотираат тендерот од Град Скопје за изработка на архитектонски проект за реконструкција на фасадата на зградата „Ибни Пајко“.

„Идејниот проект е изработен повторно од Лазар Димов и Никола Стакинов. Нашите сознанија се дека и покрај со години упорното настојување, и покрај ветувањата што ги давале дека овој пат ќе ја реконструираат и задната фасада, Град Скопје нема согласност од станарите за промена на фасадата.
ААМ смета дека единствениот начин да се стави крај на скрнавењето на градот е бојкот од архитектите изразен со неучествување во изработување на нарачаните проекти. Оправдувањата на дел од колегите дека изработување на Основен проект не значи и авторство на делото до некаде се точни, но значи дека си соучесник во уништувањето на градот“, велат од Асоцијацјата.

Оттаму потсетуваат дека автор на станбено – деловниот објект „Ибни Пајко“ е Глигорие Томиќ (1886 – 1971) по потекло од Крушево.

реакцијата на архитектите доаѓа по распишувањето на тендер за изработка на основен проект за реконструкција на фасадата на „Ибни Пајко“. Претходно, во февруари, на конкурсот беше избрано единственото пристигнато идејно решение, на авторите Лазар Димов и Никола Стакинов кое предвидува барокизација на објектот.