Апликација им помага на слепите лица идентификувајќи ги предметите во нивната околина

Австралиска инженерка создаде апликација која им помага на слепите лица и лицата со попречен вид да ги распознаваат објектите кои им се во близина. Апликацијата е наречена „Aipoly“ и може да идентификува над 1 000 различни предмети. Таа може да ги прочита на седум различни јазици, а распознава и бои. Апликацијата во моментов е достапна за преземање.

Ова е дело на Марита Ченг, дипломирана инженерка на Факултетот за мехатроника и компјутерски науки во Мелбурн. Таа ја создаде апликацијата со цел да ги охрабри лицата со оштетен вид да ја истражуваат нивната околина.

Според Ченг, ова значи дека слепите лица ќе можат да видат што носат нивните деца секојдневно, да ги распознаваат уличните знаци, да откријат нови предмети.

Во светот има 285 милиони луѓе со оштетен вид, а во последните пет години, две третини од нив се корисници на паметни телефони.