Апелација му ја намали казната на новинарот Кежаровски – од четири и пол на две години затвор

Новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затвор за откривање идентитет на заштитен сведок – Апелацискиот суд денеска соопшти дека ја намалува казната за Кежаровски, која првично изнесуваше четири и пол години затвор.

„Пресудите се правосилни, а утре Судот ќе им ја достави пресудата на засегнатите странки, изјави за НОВА портпаролот на Основниот суд Дејан Ристовски.

Пресудата значи дека на Кежаровски во казната практично ќе му се пресмета речиси целото време поминато во притвор, а тој, по две години зад решетки, ќе биде ослободен во мај.