#АкадемскиБисери – „славни“ цитати од македонски учебници за високо образование

„Хомосексуалните врски се паразитски во однос на хетеросексуалните“, „Наркоманите се несреќни лица кои барајќи ги клучевите на рајот, ги откриваат вратите на пеколот“, „Неправењето прељуба е единствен начин на заштита себе и на својот љубовен партнер од заразни болести и на достоен тек на врската“. – Овие цитати се реални и досега се учеа како дел од наставата на одредени факултети.

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ сподели повеќе вакви извадоци од учебници кои се застапени во високото образование, а кои тие ги оценуваат како неточни и дискриминаторски.

Оваа акција на социјалните мрежи што ја спроведуваат под хаштагот #АкадемскиБисери е најава за претстојната конференција на која ќе се зборува за начините на кои може да се надмине дискриминацијата во високото образование.

Настанот ќе се одржи утре на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Дотогаш, погледнете дел од извадоците кои Коалицијата ги сподели.