ABC Nyheter: Македонски студентски соништа за норвешки затвори

Оваа слика е направена во домот „Гоце Делчев“ во Скопје. Мувла, влага, габи и протекување го опишуваат животото во студентските блокови. Вака норвешки ABC Nyheter ја започнува својата сторија за „Гоце“, а поттикнати од фотографиите кои ги обиколија светските медиуми, а каде се прави споредба меѓу условите во студентски дом во Македонија и норвешки затвор.

ABC Nyheter: Македонси студентска соништа за норвешки затвори

„Во Македонија скандинавските земји се сметаат за пример каде што има систем и институции кои функционираат“, вели за ABC Nyheter Стефан Алексиќ од Младинскиот образовен форум кој за норвешкиот медиум ги појаснува коментарите на студентите дека е подобро да направат кривично дело во Норвешка и да завршат во норвешки затвор, отколку да седат во „Гоце“.

Алексиќ сепак вели дека не познава студенти кои навистина би заминале во Норвешка со оваа цел, туку ваквите изјави се наменети за да се илустрира степенот на проблемот.

„Ситуацијата не се однесува само на оваа зграда , туку ваква е состојбата со повеќе студентски домови низ земјата“, додава Алексиќ.

Студентите кои стојат зад објавувањето на фотографии на интернет се нарекуваат „Операција студентски дом“ . Тие претпочитаат да останат анонимни поради стравот од притисо, но за норвешкиот медиум на прашањата одговараат по е-мејл:

„Овие слики го покажуваат нашиот секојдневен живот. Покажуваат како преживуваат повеќе од нас.Има голем број проблеми, шестопати не работи лифтот, па некои студенти мора да го кажуваат по скали нивниот багаж до 14 спрат. Одењето низ ходниците е предизвик ако надвор врне. Постојат проблеми со влага и мувла, топла вода е реткост , а во најстудените месеци – декември и јануари – немаавме топла вода повеќе од две недели. И централно греење е исто така проблем“.

ABC Nyheter во текстот дава кратко објаснување и за економската состојба, а го објавува и ставот на Министерството за образование дека подобрување на студентскиот стандард е приоритет на владата.

Портпаролот на Министерството, Давор Политов за норвешкиот медиум одговара дека фотографиите кои се објавени во светските медиуми биле направени непосредно по, како што вели, малиот пожар кој се случил во домот.

Кратко време по пожарот овој дел од зградата е реновиран со средства од Министерството за образование, одговара Политов на мејлот на ABC Nyheter.

„ Ова е лага“, тврди Алексиќ по телефон за ABC Nyheter. „Фотографиите документираат како учениците се уште живеат во Гоце Делчев , а фотографиите се од сите четири блокови“.

Политов за норвешкиот медиум најавува дека по изборите ќе продолжи реконструкцијата и подобрувањето на условите во домот „Гоце Делчев“, а истакнува и дека во последниве години Владата инвестирала околу 200 милиони денари за подобрување на стандардите во студентските домови.