Земјотрес од 5.5 степени по Рихтер со епицентар во Лерин почувствуван во Македонија

Земјотрес со јачина од 5.5 степени по Рихтер со епицентар во Лерин, Грција се случи во 22 часот и 43 минути. На веб-страницата на Европскиот-медитерански сеизмолошки центар се забележуваат сведоштва на луѓе од земјава.

„Силен и долг потрес“, „Скопје убаво се осети“, „Сè се тресеше со силен звук. Некои полесни предмети паднаа на подот од куќата“. се дел од коментарите на граѓаните кои го почувствувале земјотресот.

Според информациите на центарот земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Исто така, досега се забележани уште неколку последователни земјотреси во ова подрачје.