С. Македонија на 31-во од 49 места во извештај за состојба со правата на ЛГБТИ заедницата

Северна Македонија се најде на 31-во од 49 места на годишниот извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето „Rainbow Europe“ на организацијата „ИЛГА Европа“.

Земјава, во шест категории, има ранк од 27% од вкупно 100% во однос на постигнатите права за ЛГБТИ заедницата.

Со цел да се подобри правната и политичката ситуација на ЛГБТИ луѓето, во извештајот на „ИЛГА Европа“ се препорачува усвојување на правична и транспарентна правна рамка за признавање на родот, заснована на процес на самоопределување и ослободена од навредливи барања.

„Воведување закони за говор на омраза кои експлицитно ги покриваат сите злосторства мотивирани од пристрасност врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет, родово изразување и полови карактеристики. Усвојување ажурирани акциони планови за еднаквост кои изрично ги споменуваат сите основи на сексуална ориентација, родов идентитет, родово изразување и полови карактеристики“, се додава во препораките.

Од земјите во соседството, полошо рангирана е само Бугарија која се наоѓа на 40. место. Во меѓувреме, Албанија се наоѓа на 28. место, Косово на 25. место, Србија на 23. место, додека Грција на 17. место.

Во однос на минатата година, С. Македонија се наоѓа на истото 31-во место.

Целосниот извештај за земјата на англиски јазик е достапен на следниов ЛИНК.