Земјата во 2018 година ќе има 7,6 милијарди луѓе

На почетокот на 2018 година на земјата ќе има околу 7,6 милијарди луѓе во светот, објави германскиот Институт за светско население. Институтот очекува 7.591.541.000 луѓе да живеат на Земјата на 1 јануари, 2018 година.

Лани светското население се зголемило за 83 милиони луѓе, приближно колку населението во Германија.

Од институтот предвидуваат дека бројот на луѓе во Африка брзо расте во наредните децении, а се очекува населението на овој континентот да се зголеми од 1,26 милијарди на 2,53 милијарди до 2050 година.