Второ Азно: Размена на книги и облека денес во СЦ „Дуња“

Во Социјалниот центар „Дуња“ денес (19 јуни) од 16 до 19 часот ќе се одржува „Второ Азно“ – платформата каде половните предмети имаат неколку животи.

На настанот ќе се разменуваат книги. Секој учесник зема максимум онолку книги колку што донел (за секоја донесена книга ќе добиете купон за размена.

Исто така ќе се разменува и облека.

„Нема ограничување во однос на земање/оставање – единствен услов е облеката да биде испрана и во уредна состојба. Облеката која нема да биде разменета ќе биде донирана во Копче – социјално претпријатие за облека од втора рака“, велат организаторите.

Настанот ќе се одвива на отворено, во дворот на СЦ „Дуња“ и во согласност со сите пропишани мерки.

„Препорачливо е да оставите донација за поддршка на независниот простор кој ни овозможува да организираме ваков настан“, се вели во најавата за настанот.