„Време за чај“ и „Во подрумот“ вечерва на „Македокс“ во Куршумли ан

Кратките филмови „Време за чај“ и „Во подрумот“ се на вечерашната програма на Интернационалниот фестивал за креативни документарни филмови „Македокс“ кој се одржува од 20-26 јуни во Куршумли ан. Филмовите ја опфаќаат тематиката за животот што е главното мото на фестивалот оваа година.

„Во подрумот“ е краток филм, во режија на Ultrich Seidi, кој зборува за подрумите во Австрија, кои служат како место каде се поминува слободното место и каде човек може да биде сам со себе, со својата пасија, хоби или опсесија. Тргнувајќи од малку познатиот факт дека Австријците поминуваат поголем дел од времето во подрум отколку во дневна соба, преку неколку приказни раскажани на истовремено смешен и тажен начин, режисерот го прикажува подрумот како огледало на човековата душа.

„Време е за чај“ пак, е исто така, краток филм, но во режија на Maite Alberdi. Тоа е прекрасно раскажана приказна за универзалните прашања за женскоста и за вистинското пријателство меѓу пет пријателки кои низ годините сфатиле дека нивната поврзаност ќе трае до крајот на животот.

Проекцијата на овие филмови ќе започне во 21 часот.

Претходно, од 19 часот, во Младинскиот културен центар ќе се прикаже филмот „Мерцедес Соса: Гласот на Латинска Америка“, а од 21:30 часот ќе се дава репризно филмот Фасбиндер: Да се љуби без барања“.