Во тек е гласањето за Наградата за младинско учество, номинирани се вкупно 17 поединци, организации и групи

Процесот за гласање за годишната Награда за младинско учество која ја доделува Националниот младински совет на Македонија со Агенцијата за млади и спорт е во тек.

Наградата се доделува во три категории. Во индивидуалната група – млади на возраст 15-29, за наградата се номинирани Анисија Угриновска, Ања Саздова, Вања Мицевска, Гоше Николов, Емили Митревска, Иван Трифунов, Лука Павиќевиќ и Матеј Милосиевски.

Во категоријата на неформални групи на млади, номинирани се Факултетското студентско собрание на ФЕИТ, „Амбасадори за воздух“ и Училишниот спортски клуб ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“.

Во меѓувреме, во категоријата на младински организации, организации за млади и чадор организации номинирани се Здружението на граѓани ГРИТ Пробиштип, Здружението на граѓани Младите можат, Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, Здружението за истражување и промоција на енергетска ефикасност СКЕЕОР Скопје и Центарот за интеркултурен дијалог.

Како што посочија организаторите, наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање различни општествени прашања. Наградата за младинско учество по категории е 1.500 евра за индивидуална категорија, 3.000 евра за неформални групи на млади и 3.000 евра за младински организации.

Гласањето е предвидено да заврши на 6 август, недела.

Повеќе информации за кандидатите и за процесот на гласање може да се погледнат на следниов ЛИНК.