Објавен повик за номинации за награда за младинско учество

Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) објавија повика за овогодишната Награда за младинско учество. Наградата, како што посочуваат има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања.

Наградата се доделува во три категории индивидуална категорија (млади на возраст 15-29), категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации.

„Наградата за младинско учество препознава иницијативи на млади, неформални групи на млади и младински организации, организации за млади и чадор младински организации кои покажуваат: јасна визија за подобрување на заедницата кои се системски и одржливи во решавањето на приоритетните општествени прашања; исклучителна креативност, иновативност и лидерство во дефинирањето и решавањето на општествени прашања; и носат мерливи резултати во подобрувањето на заедницата или благосостојбата на општеството преку активностите на номинираниот“, велат организаторите.

Номинираните млади во индивидуалната категорија и членовите на неформалната група на млади номинирани за Награда за младинско учество треба ги исполнуваат следниве услови:

  • Да се државјани на Република Северна Македонија;
  • Да се на возраст 15 до 29 години до денот на завршувањето на повикот за номинации;
  • Да ја имплементирале активноста, работата или услугите за кои се номинирани на територијата на Република Северна Македонија;
  • Да ја имплементирале активноста, работата или услугите за кои се номинирани во периодот мај 2022 – мај 2023;
  • Да покажат дека тие имале клучна улога во активноста за која се номинирани.

Младинските организации, организациите за млади и чадор младинските организации пак, кои се номинирани за Награда за младинско учество треба ги исполнуваат следниве услови:

  • Да бидат регистрирано здружение или фондација во Република Северна Македонија согласно Закон за здруженија и фондации;
  • Да се впишани како една од формите на младинско организирање во Регистарот на форми на младинско организирање на АМС, согласно Законот за младинско учество и младиснки политики;
  • Да имаат најмалку две години активно постоење;

Наградата за младинско учество по категории е 1.500 евра за индивидуална категорија, 3.000 евра за неформални групи на млади и 3.000 евра за младински организации.

Рокот за поднесување номинации е до 10 јули до 23:59 часот.

Целиот повик е достапен на следниов ЛИНК.