Отворен повикот за Наградата за младинско учество

Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) го отвораат јавниот повик за номинации за годинешната Награда за младинско учество.

Сите заинтересирани можат да поднесат номинација за Наградата со пополнување на формуларите (на линковите во продолжение) најдоцна до 7 јули, 23:59 часот.

Наградата се доделува во три категории:

„Наградата за младинско учество препознава иницијативи на млади, неформални групи на млади и младински организации, организации за млади и чадор младински организации кои покажуваат: јасна визија за подобрување на заедницата кои се системски и одржливи во решавањето на приоритетните општествени прашања; исклучителна креативност, иновативност и лидерство во дефинирањето и решавањето на општествени прашања и носат мерливи резултати во подобрувањето на заедницата или благосостојбата на општеството преку активностите на номинираниот“, велат од Националниот младински совет.