Отворен повик за Правната клиника за право на бегалци

Правната клиника за право на бегалци денеска отвори повик за студенти за да се приклучат на програмата во текот на зимскиот семестар за академската 2021/2022 година.

Оттаму велат дека правната клиника претставува можност студентите да се стекнат со теоретско и практично знаење во врска со правото на бегалци и миграциите.

„Овој семестар предавањата ќе се спроведат онлајн на платформата zoom.  Студентите ќе имаат можност да проследат предавања од страна на универзитетски професори – ментори на правната клиника, како и предавања и работилници од страна на претставници на УНЦХР во Р. Северна Македонија, домашни и меѓународни експерти и практичари. Правната клиника за право на бегалци се остварува во партнерство со Претставништвото на УНХЦР во Република Северна Македонија UNHCR-Skopje“, стои во повикот.

Дополнително, тие објаснуваат дека предавањата почнуваат на 28 октомври во 16 часот, додека регистрацијата трае до 26 октомври.

За учество на правната клиника, заинтересираните може да се регистрираат на следниов ЛИНК.

За повеќе информации за правната клиника и учество во неа, оттаму додаваат дека може да се контактираат на info@refugeelaw.mk и lawclinicrefugees@gmail.com, а истовремено дека повеќе информации може да се најдат и на нивната веб-страница.