Културно-информативниот центар (КИЦ) Скопје информира дека на 17 септември од 20 часот ќе биде отворена изложбата на графики и слики од Петра Јовановска и Вит Павлик (Чешка), насловена „Во разговор“.
„Централниот елемент во делата на Петра Јовановска е круг кој не е случајно избран. Претставува синтеза на креативната и животната филозофија, како и сознанието дека совршената форма е без почеток и крај. Тоа е знак кој го симболизира животниот циклус. Уметницата Петра Јовановска ги печати своите мисли, емоции и погледи на светот во кругови. На одредени уметнички композиции овој знак се множи. Тоа го постигнува со различни медиуми и графички техники. Оформена рамнотежа на овие геометриски форми во контекст на композиција, тон, боја, структура. Круг симболизира еден вид емотивни размислувања кои се за Петра Јовановска несконечни“, се вели во текстот пред изложбата.
Во однос на Вит Павлик, пишува дека тој ги обработува темите чувства, емоции, мисли и ги пренесува на свој апстрактен начин.
„Го дололува одразот на интензитетот на искуствата, секоја боја има силно знашење и своја лична приказна. Еден од најубавите аспекти на уметноста е нејзината отвореност и способност да предизвикува различни чувства, емоции и мисли кај секој што ќе се сретне со неа. Ги креира своите приказни, толкувања, се обидува да ја пренесе приказната во еден креативен и уметнички процес. Овој пат заедно Петра Јовановска и Вит Павлик ќе се обидат на направат една заедничка приказна, еден ликовен разговор“, се вели во текстот.
Петра Јовановска е родена во Чешка, има завршено Ф.Л.У. во Скопје, смер графика. Таа е ликовен уметник, организатор, куратор и координарор на многубројни ликовни проекти, до сега има реализирано 70 самостојни изложби / Чешка, Македонија, Франција, Словенија, Германија, САД, Полска, Хрватска, Босна Херцеговина…голем број од нив во своја организација, има учествувано во над 300 групни изложби, добитник е на бројни награди, има учествувно на многубројни меѓународни ликовни симпозиуми и колонии.
Вит Павлик е роден во1976 година во Чешка. Има завршено Јужночешки универзитет, педагошки смер за уметнички училишта. Член е и воедно и претседател на Асоцијација на јужночешките уметниици. Има реализарано голем број самостојни и групни изложби ( Р.Чешка, Германија, Австрија, Словачка, Италија, Франција, САД, Полска). Добитник е на неколку награди ( Германија, Словачка ). Освен со сликарство се занимава и со проектна фотографија. Живее во Чешка и работи како педагог / директор во Уметничко училиште.