Изложбата „Мојот универзум“ вечерва во КИЦ

„Мојот универзум“ е новата изложба на слики од Агрон Абдули што вечерва во 20 часот ќе биде отворена во Салон Империјал II во Културно информативниот центар.

Агрон Абдули дипломирал на Факултетот за ликовна уметност, на Универзитетот во Тетово, насока сликарство. Постдипломските студии ги завршил во 2002 година на Факултетот за уметност, при Универзитетот во Приштина. Во моментов работи како професор на Факултетот за ликовна уметност, на Универзитетот во Тетово. Досега има изложувано на повеќе групни изложби во земјава и странство. Самостојно изложувал во Македонија, Косово, БиХ и Франција.