Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Црвениот крст денеска во Веро Центар во Скопје ги одбележа 16 Октомври, Светскиот ден на храната и 17 Октомври – Светскиот ден на борба против гладта, со промоција на храна на штандови и делење брошури за едукација на граѓаните што значи безбедна храна и како да ја разликуваат и заштитат кога ќе ја донесат во својот дом да остане што подолго време безбедна за да не се фрла.
Таа додаде дека заедно со Црвениот крст сакаат да ги поттикнат маркетите и производителите на храна да преземат мерки за навремено отстранување на храната што е пред истек на рокот за да може да им се додели на сиромашните луѓе.
„Може да постојат некој вид продавници во кои луѓето ќе можат да купат храна и тоа не со поминат рок, туку во рамки на рокот кој е безбеден за консумирање. Нас ни треба поголема едукација како да ја чуваме и складираме храната и која храна навистина ни е потребна за едночлено и повеќечлено семејство за да не се фрла храна„, рече Лончар Велкова.
Денешното одбележување во Веро Центар, според Валентина Колеска, секретар на Општинската организација на Црвениот крст Центар, има и хуманитарен карактер.
„Денеска правиме спој на Светскиот ден на храната и Денот на борба против гладта. Сите производители кои денеска изложуваат храна на штандовите во Веро Центар по настанот ќе донираат храна која ќе ја однесеме во Пунктот за бездомници во Момин Поток и во Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“, изјави Колеска.