Во Кочани деца учат како да моделираат летала змејови

На локалитетот „Локубија“ беше одржана работилницата „Лета, лета Локубија“, дел од проект кој предвидува дводневна работилница за изработка на летала од рециклирани материјали врз основа на цртежи на децата учесници во работилницата, а инспирирани од мозаичните фризови на Споменикот на слободата, соопшти Општина Кочани.

„Преку овој проект децата учесници ќе можат да научат сѐ што е потребно за техниката на моделирање и изведба на летала змејови, а истовремено ќе бидат запознаени и со основните концепти на рециклирачката пракса користена во добивањето на материјалот од кој се изработени змејовите создадени во рамките на оваа работилница“, се додава во соопштението.

Работилницата ќе се одржи во две фази, а е дел од уметничкиот проект „Татковина – Споменик на слободата“.