Работилница за создавање продукти од текстилни остатоци во Кинотека

Во рамки на проектот „Филтер“, здружението на граѓани за нови уметности, технологија и екологија „3.14 Брокули“ во Кинотека на Македонија на 9 април организира работилница за поправка на искористена облека и создавање на нов продукт од текстилни остатоци.

Ментори се Искра Џокиќ Кецап (моден дизајнер и уметник) и Аце Стојаноски (моделар).

Работилницата ќе се одвива одвива од 12 до 19 часот. Пријавувањето се врши преку ОВОЈ ЛИНК.

Настанот ќе се одвива според протоколите за заштита од КОВИД-19 назначени од Владата.

Проектот „Филтер – Текстилна индустрија“ е организиран со финансиска поддршка од „Британскиот совет во Македонија“, во соработка со Кинотека на Македонија, текстилната компанија „ММЦ Прогрес“ и „КОКОС Продукција“.