Промоција на документарната трилогија „Музиката е временска уметност“ во Кинотека

Во рамки на августовската програма на Кинотеката на Северна Македонија, на 23 и 24 август ќе се одржат проекции на три музички документарци од словенечка продукција под генерален наслов „Музиката е уметност на времето“.

Со почеток во 20 часот на 23 август ќе се одржи проекција на документарци за албумите на бендовите „Лајбах“ и „Панкрти“, додека другиот ден, исто така со почеток во 20 часот, ќе се одржи проекција на документарниот филм за пресвртничкиот албум на бендот „Булдожер“.

„Реализирани во почетокот на осумдесеттите, албумите на овие бендови ги поставија темелите на музичкиот и социополитичкиот бунт во Словенија, како што во Загреб и Белград паралелно се тркалаа настаните во ритамот на ‘новиот бран’“, велат од Кинотеката.

Гости на проекциите, како што најавуваат организаторите ќе бидат документаристот Игор Зупе и филмскиот режисер Андреј Кошак.

Овие три документарни филмови Кинотеката ги прикажува во соработка со амбасадата на Република Словенија во Скопје.