Во Франција на децата ќе им треба родителска дозвола за пристап до социјалните мрежи

Францускиот парламент усвои закон со кој малолетниците помлади од 15 години бара да добијат согласност од родителите за користење на социјалните мрежи.

Предлог-законот беше едногласно усвоен синоќа во Сенатот. Според законот, социјалните мрежи ќе треба да користат систем за проверка на возраста на корисниците и дали малолетниците имаат родителска дозвола.

Платформите кои не ги почитуваат правилата може да бидат казнети до еден процент од нивниот глобален приход.

Родителите ќе можат да бараат од платформите да ги суспендираат профилите на социјалните мрежи на нивните деца.

Законот ќе стапи на сила по објавувањето во службениот весник на Франција.