Во Европската Унија во 2025 година биле произведени 10,4 милиони велосипеди

Во Европската Унија во 2025 година биле произведени вкупно 10,4 милиони велосипеди, од кои 8,8 милиони биле велосипеди без моторен погон, а 1,6 милиони биле моторизирани велосипеди или велосипеди со помошен погон, покажуваат податоците на Евростат.

Во споредба со 2024 година, производството на велосипеди без моторен погон се зголемило за 4,3 отсто. Сепак, во споредба со 2015 година, кога биле произведени 13,7 милиони велосипеди, производството бележи пад од 35,7 отсто.

Според достапните податоци, најголем производител на велосипеди без моторен погон во ЕУ во 2025 година била Романија, со 2,1 милиони произведени велосипеди. Следуваат Италија и Германија со по 1,2 милиони, Португалија со 800.000 и Полска со 600.000 велосипеди.

Кај моторизираните велосипеди и велосипедите со помошен погон, најголем производител била Германија со 400.000 произведени единици, по што следуваат Холандија со 300.000, Чешка и Австрија со по околу 150.000 и Бугарија со 120.000 велосипеди.

Евростат ги објави податоците по повод Светскиот ден на одржливиот транспорт, кој секоја година се одбележува на 26 ноември.

Целта на одбележувањето на овој ден е да се истакне значењето на безбедните, финансиски достапните, пристапните и одржливите транспортни системи за економскиот развој, подобрувањето на благосостојбата на граѓаните и унапредувањето на меѓународната соработка и трговија. Возењето велосипед претставува еколошки прифатлив начин на транспорт, кој истовремено придонесува за физичката активност и здравјето на луѓето.