Кога парите не стигнуваат до крај на месецот: Колку чинат студиите во Македонија според студентите

За многу студенти во Северна Македонија, и патот до факултетот и храната меѓу предавањата е оптоварување за нивниот буџет. Покрај овие трошоци тука се и книгите, партиципацијата за семестарот, а за дел од студентите и киријата. Од 173 студенти кои учествуваа во aнкетата на Порталб.мк, 145 (83,8%) се изјаснија дека не можат да ги покријат месечните трошоци. Над половина трошат повеќе од 15.000 денари месечно за живот и студии, а за најголемиот дел од нив семејството останува главен извор на финансирање. Зголемувањето на субвенцијата за оброк и повисоките стипендии се двете главни барања на студентите, еве што велат податоците. 

Сите податоци во оваа анализа се засноваат на одговорите на студентите во aнкетата на Порталб.мк за трошоците за студирање во Северна Македонија. Тие го отсликуваат искуството на овие 173 учесници. Од нив, 155 се на додипломски студии, а 18 магистерски студии.

Во најголем број одговорија студентите на Универзитетот во Тетово (70), по што следат студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа (36), Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје (31) и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (20). Еден учесник студира на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, а 15 го избрале одговорот „друг универзитет“.

Колкави се трошоците за еден месец за време на студиите?

Пресметани заедно трошоците за живот и за студирање, 93 од 173 студенти (53,8%) велат дека трошат над 15.000 денари месечно. Од нив, 32 ја надминуваат и сумата од 30.000 денари. Интервалот што го избрале најголем број од студентите бил од 5.001 до 10.000 денари, со 40 одговори. Шеснаесет рекле дека месецот ги чини до 5.000 денари.

Само 28 студенти (16,2%) изјавиле дека успешно ги покриваат месечните трошоци.

Колкави се трошоците за еден месец за време на студиите?

Трошоци за живот и за студирање.

83,3% 145 од 173 студенти изјавиле дека не успеваат да ги покријат месечните трошоци
До 5.000 денари 16 9,2%
5.001-10.000 40 23,1%
10.001-15.000 24 13,9%
15.001-20.000 30 17,3%
20.001-25.000 13 7,5%
25.001-30.000 18 10,4%
Над 30.000 32 18,5%

Инфографик: Фисник Џелили/Порталб.мк

Живеат со семејството, но колку ги чини превозот до факултет? 

Два од тројца испитаници, или 116 од 173, живеат со родителите или со семејството. Стан под кирија изнајмуваат 28 студенти, од кои 18 го делат со други, а десет живеат сами. Исто толку студенти живеат во студентски дом — 22 во државен, а шест во приватен студентски дом. Еден учесник избрал друг вид на домување.

За храна, 101 испитаник (58,4%) троши над 5.000 денари месечно. Меѓу нив, кај 35 трошоците за храна надминуваат 12.000 денари, а кај 14 ги надминуваат и 16.000 денари.

За превоз, најчестиот одговор бил од 2.001 до 4.000 денари, со 46 студенти. Но, 80 од нив плаќаат повеќе од тоа, вклучително и 42 кои трошат над 6.000 денари месечно за превоз. Само шестмина од испитаниците воопшто немаат никакви трошоци за превоз.

Кирија, храна и превоз — Колку трошат студентите месечно?
Кирија 

56,6% не пријавувиле трошоци за домување.

Денари месечно 

0

1–3.000

3.001–5.000

5.001–8.000

8.001–12.000

Над 12.000

Број на студенти 

98

10

17

20

9

19

Храна 

58,4% трошат над 5.000 денари за храна.

Денари месечно 

1–3.000

3.001–5.000

5.001–8.000

8.001–12.000

12.000 – 16.000

Над 16.000

Број на студенти 

21

51

38

28

21

14

Превоз 

46,2% трошат над 4.000 денари за превоз

Денари месечно 

1–1.000

1.001–2.000

2.001–4.000

4.001–6.000

Број на студенти 

6

15

26

46

38

42

Извор: Анкета на Порталб.мк со 173 студенти

Инфографик: Фисник Џелили/Порталб.мк

За 64 студенти само партиципацијата за семестарот надминува 15.000 денари 

За последниот семестар, 64 студенти (37%) платиле над 15.000 денари за партиципација или школарина. Ова бил најчестиот одговор, потоа следува партиципацијата од 6.001 до 10.000 денари, кој бил одговорот на 57 студенти. Тројца изјавиле дека не платиле партиципација.

На ова се додаваат и трошоците за книгите, литературата и наставните материјали. За нив, 56 студенти потрошиле од 3.001 до 5.000 денари во текот на семестарот. 58 други потрошиле повеќе од 5.000 денари, а за 16 овие трошоци надминале 15.000 денари.

Колку плаќаат за еден семестар? 

Трошоците за последниот семестар во денари

Партиципација Книги и наставни материјали
Денари Студенти Денари Студенти
Ослободени од партиципација 3 0 8
До 3.000 6 1-1.000 15
3.001-6.000 21 1.001 – 3.000 36
6.001 – 10.000 57 3.001 – 5.000 56
10.001 – 15.000 22 5.001 – 10.000 28
Над 15.000 64 10.001 – 15.000 14
Над 15.000 16
Извор: Анкета на Порталб.мк со 173 студенти

Инфографик: Фисник Џелили/Порталб.мк

Кој ги покрива трошоците? 

За 120 од 173 студенти (69,4%) главен извор на финансирање се родителите или семејството. За 35 од нив главен извор е работата. Деветмина се потпираат главно на личните заштеди, четворица на субвенцијата за студентски оброк, тројца на други стипендии и двајца на стипендијата од државата.

За време на студиите работат 73 од анкетираните студенти. Од нив, 22 работат со полно работно време, 22 со скратено работно време и 29 привремено или сезонски. Ниту работата со полно работно време не им ги решава на сите проблемите со месечните трошоци. Од 22 студенти во оваа група, 17 велат дека не можат да излезат на крај со трошоците. Од 100 студенти кои не работат, вака одговориле 86 студенти.

На прашањето за личните месечни приходи, 122 студенти (70,5%) рекле дека немаат такви приходи. Од 51 кои пријавиле приходи, 8 добиваат до 5.000 денари месечно, 5 од 5.001 до 10.000, 7 од 10.001 до 15.000, 12 од 15.001 до 25.000 и 19 над 25.000 денари.

Стипендија добиваат само 32 испитаници 

Од 173 учесници, 141 (81,5%) изјавиле дека не добиваат студентска стипендија. Од 32 корисници, 21 добиваат државна стипендија, десетмина друг вид стипендија, а еден добива повеќе од една стипендија. Корисниците различно ја опишуваат вредноста на стипендијата. Четиринаесетмина навеле износ од 6.000 до 6.100. Еден студент навел 4.500 денари месечно. За некои други, стипендијата е намалување на партиципацијата за семестарот. Двајца спомнале попуст од 60%, а еден од 40%. Има и одговори во евра или долари, а еден корисник не сакал да го открие износот.

Студентскиот оброк и стипендиите се главните барања

За 115 студенти (66,5%) постојните државни мерки помагаат малку или воопшто не помагаат во подмирувањето со трошоците. 61 од нив одговориле „воопшто“, а 54 „малку“. 12 од нив изјавиле дека мерките умерено им помагаат, 4 дека им помагаат многу, а 34 дека не се запознаени доволно  со мерките.

На прашањето за студентскиот стандард во земјата, 110 учесници изјавиле дека воопшто не се задоволни, 42 се малку задоволни, 18 умерено задоволни, а тројца не одговориле.

Кога требало да изберат една мерка што најмногу би им помогнала, 57 студенти побарале зголемување на студентскиот оброк, а 47 повисоки стипендии. По нив следуваат поевтин превоз (22), намалување на партиципацијата за студирање (17), бесплатна литература и материјали (11), поддршка за плаќање на киријата (7) и студентски домови со подобри услови и повеќе места (6). Шестмина учесници избрале „друго“.

Каква подршка бараат студентите? 

Секој од учесниците избра една мерка.

Одбраната мерка Студенти Процент
Поголем износ за студентски оброк 57 32,9%
Повисоки стипендии 47 27,2%
Поевтин превоз 22 12,7%
Намалување на партиципацијата 17 9,8%
Бесплатна литература и наставни материјали 11 6,4%
Подршка за кирија 7 4,0%
Подобри студентски домови и повеќе места за сместување 6 3,5%
Друго 6 3,5%
60,1% обраа поголем износ за студентски оброк или повисоки стипендии
Извор: Анкета на Порталб.мк со 173 студенти

Инфографик: Фисник Џелили/Порталб.мк

Во отворените одговори студентите објаснија и што би се променило во нивното секојдневие. Еден учесник секојдневното патување го поврзува со фактот дека не обезбедил место во студентски дом.

Други бараат менза на факултетите или студентско мени за да се хранат меѓу предавањата. Некои велат дека од нив се бара да купуваат нови книги дури и кога можат да ги позајмат од членови на семејството.

За стипендиите, има студенти кои бараат да се земе предвид повеќе економската состојба на семејството, а еден учесник предлага универзитетите да им овозможат платена пракса или работа со скратено работно време во областа во која студираат.

 

Повеќе на: Мета.мк