Во Дебар Маало поставена еко-новогодишна елка составена од 500 пластични шишиња

Во Дебар Маало е поставена првата еко-новогодишна елка висока 5 метри, информираа од ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ).

Елката е изработена од повеќе од 500 зелени пластични шишиња рециклирани од жителите на Општина Центар кои повеќе од една година учествуваат во правилно справување со отпадот преку рециклирање на пластични шишиња и лименки.

„Поставувањето на оваа елка е впечатлив начин да се истакне како пластиката може да се рециклира и да се искористи повторно“, се вели во објавата на ПОЦ.