Со промоција на книга, панел дискусија и музика, денеска во кафе-книжарницата „Буква“ ќе биде затворено овогодишното издание Прво па женско #9, кое се одржуваше од 10 до 16 јуни во организација на Тиииит!Инк и партнерите.
Најнапред во 13 часот во „Буква“ ќе биде промоцијата на книгата „Нашиот пат: 25 женски приказни од историјата“, а потоа следува и панел дискусијата „Издание на изоставените“ чија цел е да ја прошири дискусијата за новите феминистички читања.
Дневната шема на Прво па женско #9 во „Буква“ е замислено со кулминира во 16 часот со современа музика. Со диџеј сет на Мариго, студентка по графички дизајн и водителка на емисијата „Млада на Република Македонија“ што се емитува на Канал 103.
Инаку, годинава Прво па женско #9 отвори дискусија и го преиспитуваше концептот на „јавно“, во контекст на светска пандемија, но и локално.
Во време на екстремно видлива родова, класна и расна поделеност, рекоа од Тиииит!Инк, просторот помеѓу нас освен што стана визуелен симбол на пандемијата, дотолку појасно ја откри и тензичната сопоставеност на јавните и приватните добра.