Високо ниво на загаденост покажуваат речиси сите мерни станици

Освен Лазарополе, кое е со зелен круг, и Кочани и Мршевци, за кои нема податоци, сите други градови каде има мерни станици на Министерството за животна средина, покажуваат дека има високо загадување на воздухот.

По ветрот, повторно, највисоки концентрации на канцерогените ПМ честички има во скопската населба Лисиче, Битола и Куманово. Во изминатиот час, во Лисиче се измерени 177 микрограми на кубен метар, во Битола 194, додека во Куманово загаденоста достигнала 237 микрограми на кубен метар.

Но, според табелата на Министерството, загаденоста на воздухот била уште повисока синоќа во 1 часот по полноќ, кога во речиси сите градови имало концентрации над 300 микрограми на кубен метар.